Ако останам сама, тоа ќе биде мој избор – ќе биде тешко, но и храбро!

Ако тоа биде мој избор, околност или емоционална утеха, ќе биде тешко, но и храбро. Тоа ќе значи дека не сум барала партнерство по секоја цена. Тоа ќе значи дека сум храбра да живеам за моментите кои поминале и кои останале дел од минатото. А се тоа и онака е само дел од минатото. Дури и додека го читате овој текст, претходниот ред веќе е минато. А тешко се помируваме со тоа.

Ако останам сама, тоа ќе значи дека сум се помирила со себе и со потребата да сакам, па дури и тоа да е во својата празна куќа, срце и мисли. Дури и ако ги љубам само спомените.

Ако останам сама, тоа не значи дека ќе бидам несреќна, дури ни осамена. Можеби и понатаму ќе љубам луѓе кои ми будат чувства. Можеби ќе пронајдам длабочина во креативното изразување. Да се биде сам не е казна, понекогаш е дури и награда, особено ако животот често си го поминувал во лошо друштво.

Ако останам сама ќе ги посетувам местата кои не сум ги посетувала кога сум била со некого. Ќе правам милион мали работи кои сум ги оставала за некои други времиња.

Ќе ги пуштам луѓето во својот мал свет, но никој нема да се задржи таму, затоа што јас ќе останувам сама.

Ако останам сама, тоа нема да значи дека ти не си тука, затоа што дури и во мислите сме сами и свои. Никој не знае колку луѓе се состануваат во своите мисли. Никој не ни треба. Човекот е сам од раѓање, како и во моментите на умирање. Општеството е алтернативно решение за преживување.

Ако останам сама, нема да ми биде жал, затоа што кој вели дека врската е рецепт за среќа?

Нема да биде жал за моментите поминати во пар, затоа што некои од нив ме научиле да ја ценам самотијата.

И ова не значи дека сум останала сама, туку дека АКО еден ден останам сама, ќе знам како да живеам среќен и спокоен живот и дека ќе бидам свесна за тоа дека постои осаменост и кога си во врска со некого и таа осаменост е многу потешка од оваа мојава во која постојам само јас.