Ако од некого треба да се учи, треба да се учи од остварени луѓе

Кога некој човек е сѐ повеќе остварен, тој неминовно е мета, затоа што лесно паѓа во очи.
За многу од работите кои ги постигнал во животот, луѓето сметаат дека се незаслужени.
Неговата искрено се смета за лажна.
Неговиот успех е претеран.
Неговиот талент непостоечки.
Неговата убавина извештачена.
Кога се живее во општество во кое доминираат неостварени луѓе, неостварени пред сѐ во себеси, тогаш колку сте подобри, посамоуверени, тие сѐ повеќе им пречите.
Неоствареноста со себе ги влече и другите во пропаст, како давеник кој не знае да плива и често и со себе ги дави и другите.
Затоа или треба да бидеш доволно силен, да помогнеш, да подадеш рака.
Или ако тоа е невозможно да се тргнеш настрана.
Затоа што притисокот на неостварениот човек е преголем за другиот да се бори со него.
И неминовно влече кон провалија.
Остварениот човек далеку подобро го разбира неостварениот, повеќе отколку обратно.
Затоа што и самиот некогаш бил неостварен и знае како е тоа и колку е тешко, фрустрирачки.
Ако од некого треба да се учи, треба да се учи од остварени луѓе.
Не од оние кои многу зборуваат, туку од оние кои чувствуваш дека тоа го живеат.
И далеку полесно го поднесуваат притисокот.
Ако се учи од неостварените, а тоа многумина го прават.
Тоа е сигурен пат кон пропаста.
Затоа што неостварениот човек те пушта до одредени граници и тоа е крај.
Премногу е искомплексиран за да може неоптоварено да го следи твојот лет.
Додека остварениот човек може да ужива заедно со тебе.
Така е со сѐ.
Онаму каде шо доминира фрустрацијата, нема резултати.
Онаму каде што таа се надминува, резултатите се неминовни.
И се оди напред.
И тогаш сѐ делува дека е возможно. 

  • Стефан Симиќ