Ако нешто мораш да платиш со својот мир – знај дека тоа е превисока цена за плаќање

Понекогаш најтешките рани не се оние кои ни ги нанесуваат другите, туку оние кои си ги нанесуваме самите на себе. Тоа се оние рани кои се појавуваат кога копаме по своите болни сеќавања, прастари разочарувања и кога го задржуваме во мислите сето она кое ни го одзема мирот. Најтешки се оние рани од кои ништо не учиме и кои не ни даваат никакво животно искуство, а постојано се повторуваат. 

Но, за тие рани самите сме си виновни, затоа што постојано им се враќаме и заради нив страдаме. Најтешки се оние рани кои си ги нанесуваме кога немаме сила да си простиме себеси, иако знаеме дека другите ни простиле. Најтешки се раните поради кои не се поместуваме од место, а тие се создаваат кога постојано се грижиме што ќе кажат другите и ги занемаруваме сите оние соништа кои ги носиме во себе.

Најтешки се оние рани кога не поставувате граница помеѓу себеси и другите. Најтешки се оние рани кога дозволуваме на другите да се однесуваат со нас како што ќе им текне. Најтешки се оние рани кои се нанесуваат кога толку многу им веруваме на луѓето, иако безброј пати сме се изгореле и разочарале, мислејќи дека овојпат ќе биде поинаку. Тоа повеќе не се рани, тоа со време станува трајна состојба во која немаме веќе сили за да се бориме за себеси.

Тоа ни се случува затоа што го жртвуваме својот мир заради некакви лажни надежи и ветувања, го жртвуваме својот мир сакајќи да ги задоволиме барањата на оние кои не би го направиле тоа за нас. А потребно е само едно, да се биде свесен за тоа колкава вредност има сопствениот мир, да не се трча по другите, да не се компромитираме за работи кои немаат способност да го направат среќно нашето срце, да се има сопствена цел и да се верува во идеали. 

Сѐ помалку од тоа значи постојано да си нанесувате рани на себеси.