Ако некој ја користи оваа фраза како изговор поради кои не ви вратил на порака, тој најверојатно лаже!

Постои причина поради која многу девојки одбиваат први да им пишат на момчето кое им се допаѓа. Затоа што ако тој не врати, вие се чувствувате како идиот.

Но, понекогаш дури и ако тој пише прв, тој одеднаш ќе престане да ви враќа на пораки и ќе почне да ви враќа по неколку часови или денови велејќи дека има проблеми со батеријата.

Прашањето е дали му верувате? Или автоматски претпоставувате дека почнал да се гледа со други девојки и заборавил на вас?

Да, понекогаш се случува телефоните да откажат,  да снема батерија или да падне мрежата, но, во поголемиот дел од времето ова е само лесен изговор кој машките го користат кога сакаат да ве избегнат.

Неодамешно истражување за бели лаги покажало дека 41% луѓето признале дека имаат лажено за тоа дека снемале батерија, а  44% од луѓето лажеле дека им паднала мрежата.

Во превод: Ако човекот со кого се допишувате баш „случајно“ снемува батерија секој викенд, тогаш или не го бидува за полнење телефони или му се допаѓате само во текот на неделата. Со среќа во откривањето која е вистината.