Ако некогаш се заљубиш, заљуби се во некој кој сака да знае какво кафе пиеш

Ако некогаш се заљубиш, заљуби се во некој кој сака да ја знае твојата омилена боја и какво кафе пиеш. Заљуби се во некој кој го сака начинот на којшто се смееш и кој ќе направи сè за да те насмее. 

Заљуби се во некој кој ја става главата на твоите гради само за да чуе како чука твоето срце. Заљуби се во некој кој те љуби во јавност и со гордост те покажува пред другите. Заљуби се во некој поради кој ќе се запрашаш зошто се плашеше досега толку од љубовта. 

Заљуби се во некој кој не би сакал да те повреди.  Некој кој е заљубен во твоите маани и мисли дека си совршенство. 

Заљуби се во некој кој би сакал да си личноста поради која би сакал да се буди секој ден.

Мика Антиќ