„Ако не ја почитуваш државата во која живееш и нејзините државни обележја, не заслужуваш да живееш во истата“ - реагираат граѓаните

Граѓаните револтирани од синоќешниот инцидент кога „настрада“ македонското знаме велат дека потребна е експресна реакција од МВР и итна одговорност за сторителите на делото. 

Многумина со статуси на фејсбук излегоаа во одбрана на македонското знаме, а инцидентот го окарактеризираа како „мизерија“. 

- Јас додека го носам како светост моето знаме, не газам ниту едно друго! Ти што ми ја газиш мојата светост, не можеш да ме понижиш, освен да ја покажеш својата мизерија!  - напиша пејачката Бојана Скендеровски. 

- После кинењето на македонското знаме, мислам следува кинење на пасош на лицата, бидејќи ако не ја почитуваш државата во која живееш и нејзините државни обележја, не заслужуваш да живееш во истата. Епа МВР е на ред! Толку! Најмалку што се може! - сподели активистката Кристина Ампева. 

- Ти "пријателе" што го гориш МАКЕДОНСКОТО државно знаме а истовремено вееш знаме на друга држава покажуваш дека: не ја почитуваш и не си лојален на државата по која чекориш: Република Македонија, не си воопшто за соживот, твојот идеален сон е сепаратизам (преку загрозување на територијалниот интегритет на Република Македонија), со вакви недолични провокации сакаш да покажеш кој си и што си. А искрено чесните, паметни и лојални Албанци се срамат од вакви учки како тебе, гласи друга фејсбук објава. 

Од Обвинителството велат дека е известен јавниот обвинител и дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

Од таму додаваат дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.