Ако не го знаеме своето минато, ќе ја изгубиме иднината

Некои од највпечатливите келтски поговорки ќе ви дојдат навистина добро во тешките моменти. Затоа, кога се чувствувате лошо или не знаете како да постапите, навратете се на овие мисли и ќе донесете одлука со мирна совест.

Ако не го знаеме своето минато, ќе ја изгубиме иднината.

Нозете ќе те однесат таму каде што е твоето срце.

Благиот одговор го одбива гневот.

Окото на пријателот е одлично огледало.

Ако тројца знаат за тоа, тогаш тоа не е тајна.

Ако не посееш напролет, нема да жееш наесен.

Колку е поголема твојата судбина, толку е поголема и цената која мораш да ја платиш.

Пази што посакуваш, Бог можеби и ќе ти го оствари тоа.

Не ги покажувај забите ако не можеш да загризеш.

Човек може да живее и кога ќе го изгуби животот, но не и кога ќе ја изгуби честа.