Ако можете да го прочитате ова, вие сте среќна личност

 

Дури и во овие несигурни времиња, важно е да имаме реален поглед на работите во нашите животи.

„Вистинското богатство е способноста да се вкуси животот во потполност“. - Хенри Дејвид Торо

Еве неколку причини зошто огромното мнозинство од вас се среќни денес:

1. Синоќа не сте легнале гладни.

2. Утрово се разбудивте со покрив над главата.

3. Можете да изберете која облека да ја носите.

4. Денес не се плашите за својот живот.

5. Често се грижите за тоа што ќе правите со вашиот живот - кариерата, семејството, следните чекори итн., што значи дека имате амбиција, страст, ревност и слобода сами да донесувате одлуки.

6. Имате пријател или член на семејството на кој му недостасувате и со нетрпение ја очекува следната средба со вас.

7. Прилично сте силни и здрави.

8. Имате пристап до храна и вода за пиење.

9. Имате пристап до интернет (за да можете да го прочитате овој текст)

10. Можете да читате.

Некои би рекле дека сте богати и затоа не заборавајте да бидете благодарни за сè што ИМАТЕ.