Ако го читате ова, вие сте среќна личност!

Дури и во овие несигурни времиња важно е да се задржи реалниот поглед на работите во нашиот живот.

„Вистинското богатство лежи во способноста да се вкусува животот во целост.“ – Хенри Дејвид Торо

Еве неколку  причини поради кои повеќето од нас се среќни луѓе:

Вчера не сте си легнале гладни.
Утрово сте се разбудиле со покрив над глава.
Сте ја имале можноста да изберете што ќе носите.
Денес не сте се плашеле за својот живот.
Често се грижите за тоа што ќе направите со својот живот – вашата кариера, семејство, следните чекори, итн., а тоа значи дека имате амбиција, страст, елан и слобода да носите сопствени одлуки.
Имате пријатели или членови на семејството на кои им недостасувате и кои се радуваат на следното видување со вас.
Прилично сте силни и здрави.
Имате пристап до храна и питка вода.
Имате пристап до интернет (за да можете да го прочитате овој текст).
Можете да читате.

Вистината е дека вам ви е подобро отколку на многу луѓе на овој свет.

Некои би рекле дека сте богати и затоа не заборавајте да бидете благодарни за се што имате.