Акција на МВР во село Добридол, гостиварско, пронајдени седум државјанки на Бразил, Колумбија и Венецуела

Денес во 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во с. Добридол, гостиварско,

Од МВР информираат дека во објектот се пронајдени и приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта на престојот. Од нив пет се од Бразил, една од Колумбија и една од Венецуела, на возраст од 22 до 34 години. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.