Ајурведа совети: Најдобар дел од денот за јадење, спиење и вежбање

Според ајурведската пракса, најдобриот начин на живеење е преку градење континуирани навики.

Photo by Chris Jarvis on Unsplash

"Yatha Brahmande, Tatha Pinde; Yatha Pinde, Tathe Brahmande" 

Една реченица од оваа пракса вели: Како што е универзумот, такво е и човековото тело. Какво што е човекото тело, таков е и универзумот

Тоа значи дека во универзумот постојат одредени циклуси, како што се на пример денот и ноќта, па така се водиме и ние, односно нашето тело. Ајурведата обрнува големо внимание на ритамот на функционирање.

06:00-10:00 наутро

Сонцето изгрева наутро и денот почнува. Според ајурведата, планетата се лади во текот на ноќта, а утрото ја носи и свежината на утринската роса. Слично е и со нашето тело. Се будиме наутро, телото ни е малку вкочането, за дел од нас се активираат алергиите. Затоа и ова е совршен дел од денот за вежбање (Vyayam). Ова е одлично време за да го раздвижиме телото и да се разбудиме, но пред тоа  да почнеме со Abhyanga, нежна масажа, која ќе ги спречи повредите и ќе ги подобри бенефитите од вежбањето.

За појадок, советите се да јадеме нешто кое е лесно, со малку цимет, што ќе ни даде чувство на внатрешна топлина. 

 10:00-14:00

Како што сонцето го доживува својот врв, денот се стоплува, така и ние се активираме со различните обврски во текот на денот. Ова е период кога луѓето се природно најпродуктивни, но исто така и најгладни. Време е за добар оброк, кој е зготвен од природни состојки. 

14:00 – 18:00 

Како што сонцето полека заоѓа, температурата се намалува, а така се намалува и нашата енергија. Ова е одличен период кога треба да го завршиме она што е важно, но и да најдеме време да го истегнеме телото. Голем  дел од луѓето посегаат по кафето бидејќи им ја дава неопходната доза кофеин и им носи енергија, но ајурведа практичарите препорачуваат и чај од нане, како и вежби за длабоко дишење. Во овој период, важно е да блокирате одредено време кога ќе го смирите телото и ќе го подготвите за вечерниот дел од денот.

18:00-22:00

Сонцето полека заоѓа зад хоризонтот. Време е за последниот оброк, кој треба да се изеде што порано. Вечерата треба да е лесна и наједноставна. Тоа ќе и помогне на храната да се свари пред одењето на спиење, но и да се задржи природниот ритам на телото.

За да му помогнете на телото да се релаксира во овој период, добро е и да ги намалите светлата во домот, така што ќе ја намалите светлината и ќе се подготвите за спиење.

22:00 – 02:00

За некои луѓе, ова е време кога тие се уште активни. Но, 22:00 е време кога треба да се подготвиме за спиење и да си овозможиме добар сон. Треба да избегнеме само да одиме во кревет, туку да изградиме рутина која ќе ни помогне полека да потонеме во сон, а со тоа и полесно да спиеме во текот на ноќта. 

02:00 – 06:00

Ова е време во текот на ноќта кога веќе храната е сварена, полека се осветлува нашата просторија во која спиеме и нашиот сон станува полесен. 

Ајурведата станува сè попозната и поприменлива во нашето секојдневие. Важно е да знаеме дека секој од нас може да ги применува нејзините правила на свој начин, но важно е да знаеме дека нашето тело има свој ритам околу кој треба да се прилагодиме и да не форсираме ништо.