Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 домови за стари лица во земјава во период од 29 до 31 октомври.
Од АХВ велат дека од контролите било констатирано дека 14 старечки домови не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ.
„Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности од кои кај 4 оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори, утврдено е дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед. Кај 5 оператори запленета и нештетно уништени се 40 килограми небезбедна храна“, се вели во соопштението на АХВ.