
Градоначалникот на Сарај Мухамет Елмази се соочил со закани.
Случајот вчера го пријавил во СВР Скопје. Според пријавеното пред зградата на општината дошло лице кое се однесувало агресивно и упатувало закани кон него и кон вработен во општината.
Инцидентот се случил вчера околу 10:30 часот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.