
Четири лица се повредени во инцидент што се случил синоќа во Клиничката болница во Тетово, откако 24-годишен жител на село Палатица со иницијали Џ.М. агресивно се однесувал поради барање да изврши уплата за медицинска услуга.
Според информациите од МВР, вчера околу 19:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека Џ.М. го скршил стаклото од приемниот шалтер, при што тој и двајца вработени се здобиле со повреди.
По интервенцијата на полициските службеници, 24-годишникот физички нападнал и полициски службеник.
Поради сериозноста на повредите, Џ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана медицинска помош.
На местото бил извршен увид, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.