Агенда: Каде да се шета викендов?

Викендот е пред нас, метеролозите најавуваат променливо облачно време со повремен дожд и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени.Доколку се уште не сте испланирале каде ќе го поминeте вашето слободно време еве неколку интересни настани кој се закажани во Скопје:

Бела ноќ во Скопје

Годинешново 13-то издание на манифестацијата БЕЛА НОЌ, што  ќе се одржи, денеска  ќе има квалитетна програма којашто посетителите ќе може да ја видат на неколку точки во градот.

Како и изминатите години ќе има  изложби, концерти, перформанси,  бесплатен филмски маратон во Кино Милениум… и музички спектакл.

Во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде поставена изложбата на графики од генијалниот Салвадор Дали, „Помеѓу ѕвездите и басните“.

Оваа колекција е сочинета од дела од опусот „Вечерите на Гала“, „Божествената комедија“ и познатите Далиеви коњи, како и една скулптура во позлата, наречена „Жена жирафа“ или вкупно 29 дела од најголемиот надреалист.

Шпанскиот уметник ги илустирал познатите басни како „Гавран и лисица“, „Коњи и волк“, „Лавовиот  двор“, „Болниот елен“. Оваа серија бакрорези е создадена во 1974 година и е печатена на 250 графички табли, кои се чуваат во многу галерии низ целиот свет. Изложбата е организирана во соработка со уметничката галерија „Висконти“ од Љубљана и Централноевропскиот културен центар од Нови Сад, а ќе биде поставена  до 7 ноември.

На Плоштадот Македонија, во 21 часот, фантастичната корејската трупа Tago&АtoBIZ ќе го претстави својот музички спектакл, перформансот „Таго: Корејски тапан 2“,  со кој настапувале низ целиот свет, на сите континенти, на најпрестижните театарски фестивали во Европа и во светот.  Во спектаклот учествуваат околу 30 актери, танцувачи, изведувачи и членови на оваа светска атракција,  коишто присутните ќе ги почестат со свој 70-минутен перформанс носејќи ги во сосема друг свет.

Заборавете на стресот и вратете ја назад вибрантната енергија во вашиот живот. Одличен микс на корејски традиционални инструменти, почнувајќи од огромни тапани, до мали перкусии со доза на древни боречки вештини, чијашто  цел е да го збогатат перформансот со динамични движења.

Ова гостување во рамките на Бела ноќ е во соработка со фестивалот МОТ, т.е. во МОТ+ програмата.

Во горното фоаје на кино Фросина, во Младинскиот културен центар, ќе биде поставена изложбата „Сексот и револуцијата“. Авторскиот тим Катерина Станковиќ – Бјеговиќ, ликовна уметничка и Јелена Живковиќ, историчарка, ни ги претставуваат љубовните тајни на некои од најголемите имиња на револуциите.

На платото на Младинскиот културен центар ќе настапат:

– Barbarisms – тричлен бенд од Стокхолм, предводен од американскиот композитор Николас Фараоне;
– Conquering Lion – даб/реге/кросовер бенд од Тетово, кој своето творештво го започнува во април 2007;
– Ninos Du Brasil – перкусионистичко италијанско дуо, со позадина од бразилската карневалска музика;

Во Џебното Кино на МКЦ го најавуваме соло-настапот на Алекс Јонсон од Данска, наградуван гитарист, композитор и импровизатор.

И годинава Градско Кино МИЛЕНИУМ со уште еден бесплатен филмски маратон за БЕЛА НОЌ, а за љубителите на филмската уметност  го носи новиот филм на режисерката Лабина Митевска.

Организатор на манифестацијата БЕЛА НОЌ е Младинскиот културен центар, а Градот Скопје, како покровител, за успешна реализација на оваа специфична ноќ исполнета со уметност и музика, од Буџетот за 2017 година одвои 3 милиони денари.

На денот на одржување на БЕЛА НОЌ, организирано е бесплатно возењето во градските автобуси на ЈСП кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот до раните утрински часови.

Кокино

10.30/Посета на Кокино

Истражете ги древните пејсажи, завладејте од троновите на старите племенски владетели и погледнете го небото низ карпестите нишани како што тоа го правеле првите набљудувачи пред илјадници години!

Билети на: bit.ly/kokinoWSW

По повод Светската недела на вселената, во сабота (07.10) ќе се освојува Кокино, мегалитската опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане. Опсерваторијата е откриена случајно во 2001 год. од страна на бугарски и македонски археолози, а во 2002 год. биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово. Датира од 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време, а се протега на површина од 5 000 квадратни метри.

Public Room

20.00/Distilled Emotion: Neuromancer’s Tokyo

Изложба на серија постери на Зориа Петкоска кои се една виезулна поезија базирана врз научнофантастичниот роман Неуромансер на Вилијам Гибсон.

МКЦ

20.00/Бела Ноќ 2017

САЛВАДОР ДАЛИ –„ПОМЕЃУ ЅВЕЗДИТЕ И БАСНИТЕ“
20:00; (Галерија МКЦ)

Изложбата е организирана во соработка со „Висконти уметничка галерија“ од Љубљана и Централноевропскиот културен центар од Нови Сад и претставува серија од 11 нумерирани и потпишани графики, кои ги илустрираат басните на Жан де Лафонтен, како и неговиот портрет, виден со очите на Салвадор Дали и тринаесет графики од серијата Зодијак. 

Tago&АtoBIZ
ТАГО: КОРЕЈСКИ ТАПАН 2
21:00; (Плоштад Македонија)

Заборавете на стресот и вратете ја назад вибрантната енергија во вашиот живот. Одличен микс на корејски традиционални инструменти, почнувајќи од огромни тапани, до мали перкусии со доза на древни боречки вештини, чија цел е да го збогатат перформансот со динамични движења.

ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ
Постојаната поставка на Музејот опфаќа површина од 1700 м2. Во неа се изложени околу 4000 оригинални експонати, со над 270000 примероци од геата, флората, фунгијата и фауната на Македонија.

СЕКСОТ И РЕВОЛУЦИЈАТА
(МКЦ, горно фоаје)

„Последното прибежиште овозможило сексуална револуција“, тврди Џери Рубин, американскиот антивоен лидер од 60-тите. Теоретичарите на сексуалната револуција сметаат дека таа започнала во 20-тите со забрзаниот развој на технологијата, медицината и филмот.
Авторски тим:
Катерина Станковиќ – Бјеговиќ, ликовна уметничка
Јелена Живковиќ, историчарка

Инсталација: „ТАНЦУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА“
од Марија Светиева
(МКЦ, долно фоаје)

Стефан Димовски
САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА
(Дом на културата „Кочо Рацин“)

Антонио Пирковски
„РЕМЕМОРИРАЊЕ“
Музеј на град Скопје
Кодирање: Кристиан Цветковски и Маја Лилчиќ
– Машински инженери

Проектoт „Ремеморирање“ е кодирана интермедијална амбиентална инсталација. Светлосните и звучните стимулатори, кои се рефлектираат од инсталацијата, низ дразбите ја симулираат невронската слика на мозокот, во кој постојано се емитуваат сигнали од милиони неврони бомбардирајќи ја човечката свест.

МУЗИЧКА ПРОГРАМА (МКЦ):

21:00 – Alex Jønsson Solo, Данска (Џебно кино)

Плато МКЦ:
21:30 Barbarisms, Шведска
Conquering Lion, Македонија
Ninos du Brasil, Италија

Сала 25 Мај:
I TPAME I TVRAME, Албанија
UJ PA GAZ, Албанија
KANTON6, Македонија
НИНО НАУМОВ, Македонија

24-часовен филмски маратон
12:00; (Кино Милениум)

*Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП Скопје од 19:00, на сите линии кон центарот на Скопје.

Че Кафе Бар

21.00/Бела ноќ: Хипи костум парти!

Луѓе, Бела Ноќ е денот кога се работи до кога САКАТЕ ВИЕ 
Тема: WOODSOCK HIPPIE.
Дојдете шарени, цветни, искинати, смкнати, со кола, точак, старо комбе, летајќи 

Ќе има фоткање на PHOTO BOOTH поставен внатре па и нормално, ќе има и награди за најхипикот.

Програмата иде вака:
– Онија – од 10 часот до кај 1 часот, рокање во живо;
– Вудсток музика – со Чакра и неговиот сет само од хипи фестивалска музика додека држат нозе;
– Толку.

Бруклински Џез Бистро

22.30/Бела Ноќ / Live Jazz Quartet

Бела Ноќ во Бруклински –
Live Jazz Quartet
– Филип Димишковски на пијано
– Трајче Велков – труба
– Иван Бејков – бас
– Виктор Филиповски – тапани

Резервации на 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фејсбук профил.

Излет Кафе

22.30/Audiobahn – Live Video Stream

AUDIOBAHN – Live Video Stream
Bodan Jamakoski
Og!
Dushko Janevski
Sasho Uzunovski

МКЦ

23.00/Bela Nok 20 godini PMG Dance 20 FESTival

Најдобрата Топ Листа на сите времиња. PMG Dance 20 прославува 20 години постоење и по тој повод секоја среда од 17:00 дo 20:00 часот на Канал 103.

Па по тој повод ќе се случи мини фестивал на кој ќе настапат:

I TPAME I TVRAME (Tirana, Albanija) LIVE
промоција на албумот  Future Attitude, free download
UJ PA GAZ (Tirana, Albanija) LIVE
KANTON6 (Skopje) LIVE
NINO NAUMOV (Skopje) DJ Set

Влез: Слободен

Капан Ан

23.59/All Night Drum`n`Bass – Бела Ноќ

Оваа сабота целовечерен drum`n`bass за Бела Ноќ во Капан Ан!
Музика преку целиот спектар на овој музички жанр презентирана од :

– Darko Stepic (Warfare / D2 / течна Кујна)
https://soundcloud.com/darkostepic
– HyperTech (D2 / Течна Кујна / Funky Fresh)
https://www.mixcloud.com/HyperTech/
– Druggy (TDFU)
– Kesko
– T!hoto (Machina)
https://soundcloud.com/tiho_to

Старт на полноќ, слободен влез!

Закажани журки во Борис Трајковски

SUN Production веќе традиционално сезоната журки на затворено ја започнува во ноќта кога градот убав не спие!!! 

И оваа Бела Ноќ Ве каниме на еден навистина специјален настан, заедно со еден од најлегендарните продуценти на современа електронска музика, фронтменот на еден од најуникатните електронски бендови...

JUNO REACTOR by Ben Watkins

Со специјален аудио и визуелен перформанс!!! 

И секако за приказната да биде комплетна ќе ги чуеме во живо најголемите македонски амбасадори на психоделичниот звук на светската транс сцена во моментов:

SPIRIT ARCHITECT

DJANTRIX

Домашна поддршка SUN Production дјите:

DARE

SOUNDKILLAH

HUMANOID

DECORATION: TBC

Одличен Line Array Sound System, најдоброто светло, големо ЛАСЕР шоу и многу повеќе...

Сабота 7 октомври 2017

ВИП мала сала Борис Трајковски

Старт: 23:00

Влезници во претпродажба по супер промотивна цена за првите 500 влезници од 350 денари, а потоа 400 денари.

Еколошка акција во маалото Стара Топаана

„Мрдни со прст", Црвениот крст на Република на Македонија и жителите од маалото Стара Топаана во недела од 12 часот ќе организираат голема акција за разубавување и чистење на просторот за играње што се наоѓа под улицата Самуилова.