
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски денеска информираше дека бил потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за јавни приходи.
„Заедно со директорката на УЈП, Елена Петрова, денеска ја формализиравме соработката меѓу двете институции преку потпишување Меморандум за соработка“, истакна Живковски.
Со Меморандумот се предвидува зајакнување на меѓусебната координација преку навремена, директна и взаемна комуникација, размена на суштински податоци и информации, како и подготовка и реализација на заеднички проекти со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка.
Како што вели во објавата на социјалните мрежи, целта е да се обезбеди систематски и усогласен пристап во размената на податоци меѓу институциите. Во таа насока, на Управата за јавни приходи ќе ѝ бидат ставени на располагање податоците од геодетско-катастарскиот систем, како и други информации и активности од заемен интерес.
„Потпишувањето на овој документ претставува континуитет и продлабочување на досегашната успешна соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за јавни приходи, порача Живковски.