Африканските желки го тестираат живеалиштето на слоновите во ЗОО (фото)

Се е спремно за топло добредојде на слониците од Белгија, Дуња и Даела. Во нивното живеалиште деновиве се довршуваат уште некои поситни работи, но до септември за кога е одложено нивното доаѓање се ќе биде готово. А , африканските желки  први го тестираат нивното живеалиште.

 

Двете слоници ќе живеат во простор од околу 600 метри квадратни, ќе имаат свој базен, песок во живеалиштето, топки за да се занимаваат. Зиме ќе се греат на пелети, обезбедена е доволна светлина на просторот и влажност на воздухот. Има и платформа од која посетителите ќе го гледаат слонот.

Има опција и за одвојување на слоновите, направени се две одвоени парцели во случај ако во иднина се донесат уште слонови кои треба да бидат одвоени. Оградата е заштитена со ниска струја.