Африкански бран во Македонија - метеоролозите најавуваат нова промена на времето

Најновите анализи на метеоролозите укажуваат на тоа дека во текот на следната недела нашата територија ќе биде зафатена од поизразено јужно воздушно струење кое ќе услови од северните предели на Африка кон нашата држава да продре значително потопол воздух, информира метеорологот Славчо Попоски.

Сепак што се однесува до временската состојба целосна стабилизација на атмосферата не треба да очекуваме и во текот на следната недела, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на значителен пораст и насекаде се очекува да надминат 20. степеин додека пак во најтоплите предели од државава очекуваме температури дури и до близу 30 степени. Ќе започне да дува и јужен ветер кој ќе засилува на интензитет.

Нови и обновени информации очекувајте овие денови кога навремено ќе ве информираме околу секоја ново настаната временска систуација.