Аеродром, Кисела Вода и уште две скопски општини денеска без струја

Со часови со прекини во електроснабдувањето денеска ќе бидат делови од повеќе скопски општини. 

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, дел од Дрма, општина Илинден;

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Горно Блаце и Петровец, општина Петровец;

– во периодот од 10.30 до 15.30 часот, дел од корисниците на улицата Караџица, населба Пржино, општина Кисела Вода;

– во периодот од 16.30 до 19.00 часот, булеварот Јане Сандански 109А, општина Аеродром.