Голем број социјално загрозени семејства што живеат на територијата на Општина Аеродром денеска добија пакети со прехранбени производи и средства за хигиена како донација од Македонската православна црква ОА – Скопска епархија.
Тимови составени од вработени во Општина Аеродром ги доставија пакетите до домовите на овие семејства на кои најмногу им е потребна ваква помош во пресрет на празниците.
Дечињата особено се израдуваа на новогодишните пакетчиња кои им беа подарени од срце од аеродромци. Сите пакетчиња и други донации што ги собравме се резултат на успешната предновогодишна хуманитарна забава „Најмладите за Аеродром“ со која се поттикна уште поголема хуманост меѓу аеродромци.
Општина Аеродром заедно со своите пријатели и поддржувачи продолжува да ја покажува хуманоста на дело, затоа што секој граѓанин е важен и заслужува да ја почувствува празничната магија, но и да има насмевка на лицето секој ден од годината Затоа, и во иднина ќе организираме вакви и слични акции, преку кои ќе ја покажеме нашата хуманост, се вели во нивното соопштение.