Адвокатката Андонова за трагедијата во Тафталиџе: Знае соседот што има за доручек, ама се неми сведоци на семејно насилство?

Адвокатката Билјана Андонова која често застапува жени-жртви на насилство со жестока реакција по трагедијата во скопско Тафталиџе која ја шокираше македонската јавност!

Повторно разочаруање од системот, но и поразителен факт - дека по неколку дена сѐ ова ќе се заборави! 

- Вриштам! Дали можело нешто да се стори, дали можело да се превенира, дали системот ја заштитил жената и детето од насилникот, до кога соседите (замислете 150 стана, читај 150 фамилии) ќе бидат неми сведоци на семејно насилство и како тоа никој не слуша тепање и не се меша во приватна работа, а се меша и знае за соседот што има за доручек? - праша адвокатката Андонова. 

Зошто ништо не функционира кога жените се во прашање?

- Колку ли врати и биле затворени на жртвата само затоа што е жена, зошто не е отстранет насилникот од домот, нели има мерка со која се отстранува сторителот без оглед на сопственоста, ајде да слушнеме детали околу пријавените настани или и тука жртвата се откажувала од непознати причини. Зошто се дозволило детето да трпи насилство, зошто не се забраниле средби... Има уште многу, долг е списокот. И да знам, сѐ ќе заборавите за неколку дена, ќе се дотерате, ќе отидете на некоја прослава по повод 8-ми март и ќе наздравите што Ве пуштиле од дома со колешките, ќе си честитате, иако фемицидот ни цвета како дрва во пролет… - порача Андонова во својата фејсбук објава.