Ацo Пејовиќ со голем концерт во Скопје

Мега популарниот Аца Пејовиќ, на 24 декември го најави својот голем солистички концерт концерт во Скопје, во Арената „Борис Трајковски“. 

Миленикот на публиката ќе ги испее неговите најголеми хитови како што се: „Не питај“, „Да си ту“, „Година и јаче“, „Макар задњи пут“, „Неверна“ и уште многу други. Особено Пејовиќ последниов период е актуелен по мега-популарниот филм „Тома“, бидејќи токму тој ги пее песните кои се пеат во филмот, а пред триесет години ги испеа легендарниот Тома Здравковиќ.

Картите по цена од 1000 денари само до 8 декември, велат организаторите.