Абе скопјанчиња, да не сме ние и нашите кирии ќе немате за леб

Од каде си, какво е тоа парашање се разбира ја сум стара скопјанка, од Дебар Маало (патем дедо ми дошол од Дебар во Скопје, 1949 година). Оние кои се уверени дека се стари скопјани им смета провицијата која последниве години го нападна градот, додека дојденците се прават жртви, божем угнетени се, не можат да се снајдат во градот кој не ги прифаќа, а никој ништо не им прави.

Но, ваквите препукувања и рчки меѓу скопјаните и провинцијата ќе си остане се додека не сфатиме дека луѓето може да се делат само на добри и лоши.

„Еј провинцијалка дојде и ми го украде дечкото, ете сега ќе остане во Скопје, добро си се снајде“ „Абе скопјанчиња да не се нашиве кирии ќе останете без леб“... се дел о коментарите најчесто изнесени на социјалните мрежи..Ги прашавме граѓаните што мислат на темата провинција- скопјани?

-Кога доаѓа викенд, на раат се живее и движи по улициве. Во мојава зграда во Кисела Вода живејат само 10 скопски семејства, останатите 15 стана се на луѓе од внатрешноста, вели Иво.

-Немам против никого ништо верувајте јас сум од Берово, да е развиено барем малку секако би останал таму да работам. Не би доаѓал во Скопје воопшто, но што да се прави овде може да се најде работа, вели Владимир.

-Имам две деца и живеев во Свети Николе. Кога стигнаа до средно образование, сфатив дека тука за нив не гледам иднина. Селењето во Скопје ми изгледаше како најдобар избор. Ако ме прашате денес мене најмногу ми недостига родниот крај и би се вратил назад. Моите деца сега се големи и работат,  вели Васко, кој пред 17 години се преселил во Скопје.

-Не ми пречат луѓето од провинција, ние сме сите Македонци, треба да се сакам и почитуваме. Јас живеам во Скопје уште од 1954 година, а дојдени сме од Паланка и тоа не го кријам, вели Мирослав.