A1 Македонија петта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет

– Едукативната програма за деца - “Интернетот не e само игра...Кликај безбедно!” на А1 Македонија продолжува и во второто полугодие од учебната 2021/2022 година.

Новиот циклус работилници започна со онлајн предавањево О.О.У. „Григор Прличев“ во Охрид за ученицитеод 4-то одделение.

„Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, петта година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието продолжуваме со предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот. Интересот од страна на учениците, наставниот кадарно и на родителите не стивнува, а тоа е дополнителна потврда за потребата од едукација од ваков вид“- изјави Елена Димовска, Раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

“Навистина ни е драго што имавме можност да бидеме дел од првото предавање за оваа година од едукативниот проект на А1 Македонија “Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!”. Предавачите на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, ни ја доловија суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето на светската мрежа. Имавме можност да слушнеме многу корисни совети и насоки како правилно да го користиме интернетот но најважно од сè, како децата да се заштитат и да бидат безбедни додека сурфаат на светската мрежа” – изјави директорката на училиштето Лилјана Ефтимовска.

До крајот на учебната година се предвидени уште најмалку 5 работилници во Скопје и неколку градови во Македонија.

Предавањата ги реализираат волонтери - вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни иинтересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.

Проектот “Интернетот не е само игра...Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година.

Во рамките на проектот, предавањата ги проследија повеќе од 3000 четврто-одделенци, од 13 градови во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.

Повеќе информации за едукативната програма“Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб стрaницата на А1 Македонија на https://www.a1.mk/za-nas/digitalna-pismenost.