95-годишна старица нападната од жена во бања

Баба на 95-годишна возраст била нападната од жена, додека биле на бања. Според полицијата случајот го пријавила ќерката на нападнатата старица.

На 17.01.2021 во 15.30 часот во полициска станица Петровец, С.К. пријавила дека нејзината мајка П.К.(95) од Скопје била физички нападната од друга жена со која престојувала во бања во близина на Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во соопштението на МВР.