9 нежни пораки од поетесата Рупи Каур: Во секоја од нив ќе пронајдете дел од себе

Рупи Каур е поетеса која својата слава ја стекна со пишување стихови на својот Инстаграм профил, а потоа и објави стихозбирки од кои се издвојуваат „Млеко и мед“ и „Сонцето и неговото цвеќе“. 

Нејзината поезија е емотивна, уникатна, кратка и создадена така што секој збор има моќ да допре до нашата душа.

Еве неколку пораки, т.е стихови од Рупи Каур, во секој од нив ќе пронајдете дел од себе:

„Осаменоста е знак дека имаш очајна потреба за себе.“

„Јас сум музеј полн со уметност, но твоите очи беа затворени.“

„Не си заминав затоа што престанав да те сакам, си заминав затоа што колку повеќе останував, толку помалку се сакав себеси.“

„Ако си роден со слабоста да паднеш, роден си со силата да се кренеш.“

„Не барај исцелување на нозете на оние кои те скршиле.“

„Начинот на кој се сакаш себеси е начинот на кој ги учиш другите да те сакаат.“

„Луѓето си заминуваат, но начинот на кој си заминуваат засекогаш останува.“

„Што е посилно од човечкото срце кое одново и одново се крши, а и натаму живее.“

„Ти можеби не си мојата прва љубов, но ти си љубовта која направи сите други љубови да изгледаат неважно.“