80 средношколци од Илинден добија таблети

Развојот на дигиталните вештини кај младите е клучно во услови на забрзана дигитализација, истакна денеска градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во објавата на Фејсбук, каде воедно сподели дека учениците од средното училиште Илинден добиле 80 таблети.

„Во рамки на континуираните активности за зајакнување на дигиталните капацитети во обравозанието, на учениците од Средното Училиште Илинден им доделив 80 смарт таблети“, информираше Георгиевски.

Тој вели дека со користење на таблетите на учениците им овозможуваат: полесен пристап до едукативни апликации и дигитални учебници, полесен пристап до дополнителни наставни содржини и помагала, поголема интерактивност во наставата и поефикасно и прилагодено учење со современите трендови.