79-годишна скопјанка прегазена во Скопје

79-годишна скопјанка пешак е тешко повредена откако била прегазена од млад возач.

На 02.05.2023 во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Скопје, удрило во пешакот Н.И.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.И., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, објави МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.