77-годишен кумановец физички нападнат од синот и сопругата од која се разведува

 Повозрасен кумановец бил нападнат од сопругата од која се разведува и од синот. 

- На 08.04.2026 во 19:40 часот во СВР Куманово, 77-годишник од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговиот син М.М. и неговата сопруга Б.М., со која е во бракоразводна постапка, информираа од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.