74-годишник тешко повреден во тракторска несреќа во гостиварско

Тешко повреден сопатник на трактор во гостиварско. 

На 04.06.2023 во 18.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат с.Долно Јеловце – с.Лешница, Д.А.(49) од с. Горна Бањица, гостиварско, управувајќи трактор со приколка без регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ќ.(74), констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.