73-годишна жена од Германија пронајдена почината во Кисела Вода

Вчера во 12:18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината 73-годишната З.Б. од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје, известуваат од МВР.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.