
73-годишна скопјанка вчера пријавила дека во Аеродром, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзината 87-годишна сосетка.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (27.11.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје, Н.С.(73) од Скопје пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање, била физички нападната од сосетката Б.Т.(87) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.