
Вчера во 10:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Р.Л.(72) од Радовиш.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, претходната вечер околу 22:00 на улицата „Благој Мучето“ во Радовиш се слушнал истрел од оружје, по што на улицата било забележано усмртено куче.
По преземени мерки од страна на полициски службеници било утврдено дека во кучето пукал Р.Л., кој во службен разговор го признал делото, а од него била одземена и ловната пушка „застава м75“ со која го извршил делото, а која ја поседувал со дозвола.
Увид на местото бил извршен од инспектор за храна и ветеринарство, ветеринарен лекар и екипа на ОВР Радовиш, при што било утврдено дека кучето е сопственост на Д.М. од Радовиш.
Известен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Р.Л. ќе биде поднесена кривична пријава.