72-годишна скопјанка касната од улично куче во Гази Баба

Вчера во 15.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.Д.(72) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ во Скопје била касната од куче скитник.

Каснување од бездомно куче било пријавено и во полицијата во Велес. 

Истиот ден во 14.08 часот во Полициската станица Велес, З.Д.(44) од Велес пријавил дека на улица „Вера Циривири“ во Велес бил каснат од куче скитник.