72-годишен скопјанец ограбен на автобуска постојка во Волково

72-годишен скопјанец вчера пријавил дека претходниот ден бил ограбен на автобуска постојка во Волково.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(72) од Скопје пријавил дека на 08.03.2026 на автобуска постојка во село Волково, скопско, едно лице му одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.