
Рано утринава 71-годишен прилепчанец пријавил дека ноќеска по полноќ бил физички нападнат и ограбен во станбена зграда во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово во 04:30 часот во СВР Скопје, К.И.(71) од Прилеп, со престој во Скопје, пријавил дека околу 00:05 часот во станбена зграда на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице, при што му биле одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.