70 нови смартфони набави ЈП ЈП „Градски паркинг“ – Скопје

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје набави 70 нови смарт телефони. Тие ќе нидат користени за контрола на паркирањето, односно наплатата на паркирање, како и проверка на правилно, или неправилно паркирање. 

Преку објава на социјалната мрежа фејсбук, ЈП „Градски паркинг“ – Скопје денеска информираше дека овие апарати им беа исто така  презентирани на вработените контролори кои ќе раководат со нив и истите се веќе пуштени во функција.

За разлика од старите апарати кои беа досега во функција, новите смарт телефони се со побрз андроид оперативен систем и со подобри перформанси и истите се прилагодливи на нови технологии, односно надградба на целосниот систем. Преку нив може да се врши контрола за тоа дали возилото е соодветно паркирано, дали се почитуваат местата обележани за лица со попреченост, или станбени сопственици кои имаат обезбедено паркинг простор.