7 симптоми на депресија за кои не се зборува доволно

 

Депресијата е сериозна ментална болест која е многу болна за луѓето кои страдаат од неа. Нејзините последици ги чувствува поединецот, но и неговата блиска околина. Како и кај другите болести, и во случај на депресија, важно е навреме да се забележат симптомите и да се контактира стручно лице што е можно поскоро, доколку е потребно.

Депресивните луѓе обично се чувствуваат празно и летаргично. Ги мачат црни мисли и понекогаш имаат самоубиствени мисли. Ова се некои од најчестите симптоми на депресија. Но, има и такви за кои помалку се зборува, но се подеднакво индикативни дека на личноста со депресија ѝ е потребна стручна помош и поддршка од околината.

Еве 7 такви симптоми на депресија:

Целосна ментална исцрпеност

Еден од симптомите на депресија е менталната исцрпеност која се јавува поради постојаното соочување со негативните мисли, што може да доведе до намалена концентрација, заборавеност, хроничен замор, повлекување од општеството, доцнење во извршувањето на обврските, несоница и ослабен имунитет.

Отуѓување од околината

На личноста со депресија ѝ се чини дека работите му се случуваат на некој друг. Ништо не им е реално и имаат чувство дека не се главниот учесник во нивниот живот.

Ментален и физички напор за наједноставни работи

Тешко им е да станат од кревет, да се средат во бањата и да појадуваат, а да не зборуваме за други активности кои ги очекуваат во текот на денот. Понекогаш претпочитаат да останат цел ден во нивната соба и воопшто да не излегуваат надвор.

Чувство на срам

Иако знаат дека не се виновни за депресијата, сепак на моменти се чувствуваат како губитник кој едноставно не бил во состојба да се соочи со своите проблеми, па наводно го избрал „полесниот пат“. Особено се срамат во друштво на други луѓе.

Чувство на вина

Можеби ветиле дека ќе направат нешто за саканата личност, но потоа практично не биле во состојба да се грижат за себе. Тоа предизвикува чувство на вина, кое само расте со текот на времето. Ова чувство е особено изразено кај лица со деца или постари родители на кои им е потребна помош.

Стрес од преправање дека сè е во ред

Луѓето кои не се депресивни не се свесни колку им е тешко на луѓето со оваа ментална болест да се појават во јавност и да се однесуваат како да немаат ниту еден проблем на овој свет, иако речиси во секој момент чувствуваат голема непријатност.

Неможност за планирање

Ова се случува кога личноста со депресија се сомнева во својата способност да ги прави наједноставните работи, па тогаш правењето дури и најкратки планови е, за жал, невозможна мисија.