7 сигнали кои ни ги испраќа телото за да ни покаже дека сме под огромен стрес

Во медицината, поимот стрес почнува да се користи во 50-тите години од изминатиот век, по истражувањето на Ханс Селеј, канадски ендокринолог кој ги потврдува претпоставките дека стресот има огромно влијание на ендокринолошките имунолошки функции на организмот.

Стресот претставува состојба на нарушени физиолошка, психолошка и социјална рамнотежа на поединецот. Симптомите на стресот често не се забележуваат се додека веќе не е нарушено здравјето на една личност. Според СЗО,  стресот е една од најголемите закани за модерниот човек. Тој може да предизвика покачен крвен притисок, дијабетес и срцеви проблеми. Хроничната болка е чест симптом на стресот дури и кога не постојат физички повреди.

Ова се неколку сигнали кои телото ни ги испраќа, а треба да ги сфатиме сериозно.

Глава – преголемиот стрес предизвикува главоболка. Тоа може да се случи од честа грижа за  можните проблеми, ситници или постојано брзање некаде. Затоа, потрудете се да одвоите време за себе секој ден. Опуштете се и не грижете се за ништо. Едноставно дишетe длабоко и не чувствувајте вина поради тоа.

Врат – болката во вратот означува товар на незадоволство кон другите луѓе и незадоволство од сопствената несовршеност. Вратот не боли кога не можеме да простиме некому или на себеси.

Рамена – болката во рамената е предизвикана од постојаниот притисок и оптоварувања. Можеби некој постојано ви прави притисок. Или можеби не можете да донесете одлука. Добро е да споделите со близок пријател, ќе се чувствувате подобро. Дури и кога само ќе разговарате за своите грижи, ќе почувствувате олеснување.

Горен дел од грбот – недостатокот на емоционална поддршка и блиските луѓе околу вас можат да се манифестираат во долниот дел од грбот. Ова се случува ако се чувствуваме неценето и несакано. Затоа, комуницирајте со блиските. Не се фокусирајте само на себе – бидете отворени и пријателски настроени.

Долниот дел од грбот – ако имаме било каква финансиска грижа, долниот дел од грбот ни предизвикува болка. Можеби постојано сме опседнати со идејата за богат и исполнет живот, можеби се чувствуваме дека постојано ни недостасуваат финанснии. Најдобрите работи во животот се бесплатни, сетете се на тоа. Не трошете повеќе одошто имате.

Лактови – болката во лактовите предизвикува недостаток на флексибилност и неподготвеност на компромис. Веројатно одложуваме некакви промени во животот или се плашиме од новото и непознатото. Но, често само така ни се чини.  Бидете пофлексибилни и не ја трошете својата енергија против работите на коишто не можете да влијаете.

Раце – болката во рацете значи дека ни е потребен пријател и дека ни недостасува разговор. Ако ве болат рацете, пробајте да разговарате со оние околу вас, или пак да стекнете нови пријатели.