7 начини како подобро да се грижиме за себеси

Грижата за себеси е една од најважните работи во модерниот свет.

Заглавувајќи во многу обврски и одговорности, забораваме на тоа, а не треба да биде така. Освен тоа, најголемиот дел од нас ставаат фокус на физичкото здравје, целосно занемарувајќи го менталното здравје и состојбата на умот мислејќи дека тоа ќе помине само од себе. Но, ако не обрнеме внимание на тоа, лошото расположение и депресијата можат да предизвикаат проблеми поврзани со физичкото здравје како што се пад на имунитетот, главоболки, нарушувања на хормоните, како и посериозни заболувања.

Ако грижата за себеси ви делува како тешка борба низ која треба да поминете, треба да знаете дека не сте сами.

Ова се неколку начини на кои можете да си дадете љубов на себеси и да се грижите за себе на нежен и корисен начин.

Физичка активност

Постојано ја истакнуваме важноста на физичката активност, а голем дел од луѓето и натаму се неактивни од различни причини. Важно е да имате на ум дека не морате да правите ништо екстремно и дека е потребно да изберете вежба или активност која ви одговара и ќе ви даде енергија по долгиот и напорен ден. Освен тоа. Физичката активност докажано делува и на квалитетот на сонот и затоа е важна да се практикува неколку пати во текот на неделата.

Топло кебенце и какао или чај

Како што се наближуваат студените денови, уште поверојатно е дека ќе остануваме почесто дома поради самата пандемија. Затоа, добро е да си изградиме навики кои ни помагаат да се чувствуваме подобро и да се ослободиме од лошите мисли. Ова се моменти кога ќебето ни дава топлина, а какаото или чајот пријатно чувство кои ни се потребни за да го смириме умот.

Балансирана исхрана

Знаеме дека е тешко постојано да внимаваме и да се трудиме здраво, но една од основите на доброто ментално здравје е балансираната исхрана. Важно е да бидеме внимателни околу тоа што внесуваме во нашето тело, како се храниме и кога јадеме. Голем дел од нас јадат кога се лути или нервозни, а тоа само дополнително предизвикува проблеми со стомакот и желудникот и не ни помага да се ослободиме од стресот. Организирањето на оброците во текот на денот е еден од начините како можеме да си помонеме да живееме поздраво, но и да го окупираме нашиот ум со нешто позитивно.

Топла бања

Наполнета када со меурчиња и морска сол или туширање со умерено топла вода се еден од начините како можеме да го опуштиме умот и да си помогнеме себеси по долг и напорен ден. Ако успеете да додадете и неколку капки од вашето омилено есенцијално масло или пак лаванда која докажано смирува, ќе се чувствувате опуштено и посмирено.

Медитација

Не морате да медитирате долго и не морате да го правите тоа професионално, но постојат апликации и видеа на интернет кои можат да ви помогнат како да медитирате барем десетина минути пред спиење. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од негативните мисли и да отидете на спиење со смирен ум, подготвени за добар сон.

Боенки за возрасни

Боенките за возрасни се хит во последно време, а за многумина се најдобриот начин за смирување на умот преку креативна активност. Можете да ги пронајдете во книжарниците во нашиот град, но и да изберете меѓу многуте мотиви кои ги нудат. Многу психолози ги препорачуваат како дел од психотерапијата за пациенти кои страдаат од депресија и анксиозност, но тие можат да бидат корисна алатка за секој од нас.

Свеж воздух

Иако споменавме колку е важна физичката активност и колку се корисни прошетките за нашето здравје, свежиот воздух и длабокото дишење се многу значајни за нашата ментална добросостојба.