
Седумгодишно девојче било нападнато од куче на детско игралиште. Кучето не било улично, туку со сопственик.
- На 14.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, Н.Т.(38) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на детско игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината седумгодишна ќерка била нападната од куче со сопственик, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.