68 смртни случаи од ковид-19 за една недела

Според најновата анализа на Институтот за Јавно здравје, во периодот 29.11 до  5. декември тестирани се вкупно 16.948 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,8% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 17,3% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 19,0%, просечно 13,1%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60.

Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.215 (53,4%) лица од женски и 1.060 (46,6%) од машки пол.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.540 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 40 реинфекции, со намалување од 9,1% во однос на претходната недела.

Пријавени се 68 смртни случаи во 18 градови во текот на изминатата недела, со намалување од 30,6% во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (27).

Во однос на возраста, најголем број (79,4%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (10), 40-49 години (1) и 30-39 години (3).