68-годишен возач од Струмица прегазил полицаец, откако решил да бега на полициски „стоп“ кај патарината Миладиновци

Полицаец при обид со колегите да легитимираат возило со струмички регистарски ознаки, бил прегазен кај наплатната станица Миладиновци, откако возачот го стартувал возилото и одлучил да бега.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (11.01.2026) во 18:40 часот на наплатна станица Преод полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(68) од Струмица, поради тоа што околу 17:50 часот на наплатна станица Миладиновци, откако полициски службеници го сопреле Б.П. кој управувал патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки и се обиделе да го легитимираат, тој го стартувал возилото и удрил полициски службеник, а потоа го напуштил местото на настанот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.