
Вчера во 12:05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.П.(61) од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 61-годишниот скопјанец бил приведен затоа што го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон вработена во банка во трговски центар на подрачјето на Карпош.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.