6 знаци на хронично воспаление кои никогаш не треба да ги игнорирате

Кога нешто ги оштетува клетките, телото ослободува хемикалии кои го „будат“ имунитетот и го прават неактивен. Целиот процес трае неколку часа или денови ако станува збор за акутно воспаление.

Но, кога станува збор за хронично воспаление, вашето тело е во постојана состојба на подготвеност. Со текот на времето, хроничното воспаление има исклучително лош ефект врз ткивата и органите. Некои истражувања покажаа дека хроничното воспаление може да биде дел од причините за сериозни здравствени проблеми како што се тумори и астма.

Симптоми на хронично воспаление

Додека симптомите на акутно воспаление се многу позабележителни, како што се болка, црвенило и оток, симптомите на хронично воспаление се посуптилни и многу потешко се забележуваат. Некои од најчестите симптоми се:

  • замор
  • треска
  • воспалителни процеси во устата
  • осип
  • стомачна болка
  • болка во градите

Овие симптоми можат да се разликуваат во сериозноста и можат да траат со месеци или дури со години. Постојат неколку работи што можат да предизвикаат хронично воспаление, а тоа се: нетретирано акутно воспаление предизвикано од инфекции или повреди, автоимуни болести и долгорочно изложување на одредени хемикалии и други надразнувачи. Но, ова не мора да предизвикува хронично воспаление кај сите луѓе. Во некои случаи, хроничното воспаление нема јасна причина. Експертите веруваат дека постојат одредени навики и појави кои можат да влијаат на појава на хронично воспаление. Тоа се пушење, пиење алкохол, дебелина и хроничен стрес.