57-годишен скопјанец направил хаос: Ограбил жена на автобуска постојка во Центар, натепал маж и се заканувал на возач на автобус

Вчера во 11:50 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(57) од Скопје.

Како што информираат од МВР, 57-годишниот А.Б. бил уапсен по претходна пријава, дека околу 11:45 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар одзел паричник од 72-годишна жена од Скопје.

Потоа физички нападнал и 64-годишен маж и му се заканувал на возач на автобус.

„По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.