
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која го поврзува паркинг просторот со улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 48-годишниот З.Б. од Скопје управувајќи патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот А.О.(57) од Скопје, се наведува во полицискиот билтен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.