5.5 -  моќна дата: замислете си желба

Ова е магичен број, кој ни носи добро расположение.

Според нумеролозите, овие броеви се нарекуваат и броеви на огледалото и се сметаат за енергетски многу поволни денови. Тоа се всушност оние дати каде се јавува низа на исти броеви, а 5 мај е еден од нив.

Тоа ни носи симетрија и еднаквост, но бројот 5 е и број на хармонијата. Нумеролозите веруваат дека денес потребно е да замислите желба и да направиме мал чекор кон нејзино исполнување, а потоа дека самата таа лесно ќе се оствари, со помош на универзумот. Затоа, одвојте барем 5 минути да го манифестирате тоа што го сакате.

Денеска, не постојат погрешни потези, туку што и да одлучиме да направиме е за наше добро. Притоа, главниот симбол е огледалото. Затоа, пробајте да се погледнете себеси во огледало и да посакате да бидете подобра верзија од себеси. исполнете се себеси со креативна и позитивна енергија, развијте го оптимизмот во вас.

Ако сакате да успеете во вашите замисли, треба да се водите само од сопствената интуиција и да не оставате простор за бес, лутина и грубост.

Ова исто така е и идеален ден за максимална активност – физичка и интелектуална.