54-годишна жена со повреда на главата донесена во битолската болница, повредата најверојатно е од воздушна пушка

54-годишна жена од битолско, со повреда била донесена во битолската болница. Повредата најверојатно предизвикана од воздушна пушка.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 30.10.2025 во 15:30 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со повреда најверојатно од воздушна пушка е примена Д.М.(54) од с.Долно Српци, битолско.

Увидна екипа на СВР Битола изврши увид и констатирнао е дека, додека повредената била на нива помеѓу село Долно Српци и село Вашарејца, слушнала звук по што почувствувала дека е повредена на главата.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.