
Синоќа во 20:40 часот во Долно Лисиче, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Н.(52) од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки и преземени мерки, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.